1. ОБЕЗБЕДЕТЕ СИГУРНО МЕСТО ЗА ВАШАТА МАЧКА
    Мачките тешко ги поднесуваат промените во својата околина, особено за време на празниците кога има гласна музика, многу нови непознати луѓе во нивниот дом, светилки на сите страни и поради тоа бараат начин да избегаат на отворено и мирно место.  Затоа обезбедите и удобно и мирно место во својот дом каде што ќе може по потреба да се сокрие. Тоа може да биде во спалната соба, под креветот, во регалот, во подрумот, во кутија со ќебенце каде би можела да се сокрие и обавезно тоалетот и храната да бидат во близина. Сопствениците кои треба да заминат на пат за време на празниците не е добра идеја да ја земат мачката со нив бидејќи самото патување и промена на околинапретставува голем стрес. Најдобро е да пронајдат некој кој ќе ја причува мачката во познатата околина.


    2. ПАЗЕТЕ НА ЗАПАЛЕНИТЕ СВЕЌИ И УКРАСНИ СИЈАЛИЧКИ


    Пламенот од свеќите кај  мачката буди радозналост и желба за истражување незнаејќи дека тоа може да и предизвика болни изгореници а и можност да предизвика пожар во вашиот дом, затоа внимавајте каде ги поставувате бидејќи тие се вешти во искачувањето и на големи висини само да ја остварат својата цел. Исто така внимавајте и на сијалиците кои се уклучуваат во струја, играјќи со нив може да се заплеткаат во каблите и угушат, може да го прегризат и да дојде до струен удар, затоа ставете ги сијалиците што повисоко на елката и да не виси кабел  кој би ја мамел мачката да си игра со него, и не ги оставајте запалени без ваш надзор.


    3. ПАЗЕТЕ НА ЕЛКАТА И ЛАМПИОНИТЕ


    Елката и лампионите се прав предизвик за мачката, нивната нова играчка по која може да се качуваат и гребат притоа доведувајќи се во голема опасност. Скршен новогодишен лампион може да предизвика сериозни посекотини на устата и шепите а доколку и проголта некој дел може да предизвика опасни оштетувања на внатрешните органи. Украсните траки исто така се доста опасни, бидејќи ако се проголтаат може да предизвикаат преплет на цревата која е итна состојба-никако не се обидувајте вие самите да ја извлечите траката бидејќи со извлекување на траката од мачката може да и направите тешки оштетувања на внатрешните органи. Доколку елката е природна и мачката ги јаде игличките од гранките кои се тешко сварливи може да настане  и перфорациај на цревата а од смолата може да дојде и до труење. Постои истотака ризик и мачката да ја сруши елката качувајќи се по неа затоа мора да биде на стабилна и цврста основа.


    4. ОТРОВНО-НЕМОЈТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ СЛЕДНИВЕ цвеќиња


    Божиќното цвеќе, имелата, лилијанот –кринот се традиционални цвеќиња кои најчесто се користат за Божиќ. Тие се отровни доколку вашата мачка ги грицка нивните листови и знаците на труење се: пролив, повраќање, силни грчеви и сериозни оштетувања на бубрезите. Затоа пред да купите ново цвеќе информирајте се прво дали е безопасна за вашата мачка.


    5. ИЗБЕГНЕТЕ ГИ СЛАТКИТЕ КОЛАЧИ, ЧОКОЛАДА И ПЕЧЕЊА

    Слатките колачи и чоколада содржат теобромин кој е отровен за мачките затоа внимавајте не оставајте ништо на дофат на вашата мачка. Печењата не се храна за нашата мачка бидејќи се презачинетеи и премногу мрсни за нив и можеме да им направиме дигестивни проблеми, да го оптеретиме црниот дроб и панкреасот а доколку им дадеме и коски пилешки, свински, јагнешки може да предизвикаме сериозни оштетувања на внатрешните органи. Доколку сакате да ја почастите вашата мачка за празниците купете и  грицки, кои не може да и ги приуштите секој ден.