1. ПАЗЕТЕ СО ШТО ЌЕ ГО ХРАНИТЕ ВАШЕТО КУЧЕ И СТАВЕТЕ ЈА КАНТАТА ЗА ОТПАДОЦИ НА СИГУРНО МЕСТО
Месото, масната храна, отпадоците, коските и чоколадата на масата и во кантите се потенцијална опасност за дигестивни проблеми и труења што може да му ги направите на вашето милениче затоа бидете внимателни. Не дозволувајте и гостите да го хранат и наградат вашето куче со храна која ние ја конзумираме, не го менувајте режимот на исхрана, не го прејадувајте а тоа особено важи за најстрвните раси на кучиња како Лабрадорите и Златните ретривери кои би јаделе се додека има храна. Прекумерната тежина може да доведе до многу заболувања како шеќерна болест, болест на срцето и крвните садови, пореметувања во функцијата на мускулите и скелетот.
2. НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА
Исто како и за мачките, за кучињата новогодишната елка е нова интересна играчка кои би сакале да ја откријат. Морате поради нивната радозналост да ја заштитите со ограда за деца или да ја украсите само во горните делови.
3. ПАТУВАЊЕ И ПАУЗА
Доколку планирате да патувате со вашето куче за новогодишните празници, правете редовно пауза за да ги изврши физиолошките потреби и да се напие вода, а доколку повраќа и паничи при секое патување изгладнете го неколку часа пред патот, дајте му таблета, прашоци против повраќање и смирување кои ги има и на природна база. Доколку не може да го поведете кучето со вас и треба да го оставите во пансион за миленици препорачливо тоа да биде со целосна извршена превентива против вирусни заболувања, внатрешни и надворешни паразити.
4. ПЕТАРДИ И ОГНОМЕТИ
Новододишните празници може да бидат доста стресни како за самото куче така и за сопственикот поради прекумерната употреба на гласните петарди и бројните огномети. Тие делуваат на централниот нервен систем на кучето и предизвикуваат вознемиреност и плашливост, зголемено мокрење, барање заштита од сопственикот, треперење, лигавење и најчесто трчаат во спротивен правец од каде потекнува звукот. На овие звуци не реагираат толку плашливо ловџиските кучиња кои се истренирани.
За да ги намалите последиците од новогодишната еуфорија
5. ОПАСНИ И ОТРОВНИ НОВОГОДИШНИ ЦВЕЌИЊА ЗА ВАШЕТО КУЧЕ
БОЖИЌНОТО ЦВЕЌЕ-иако не е на листата на отровни цвеќиња, сепак доколку го изедат може да имаат дигестивни проблеми, осип, алергија, чешање.
ИМЕЛАТА-Е многу отровно цвеќе за кучињата, и доколку го изедат може да имаат потешкотии во дишењето, ментални пореметувања, успорена работа на срцето, дигестивни пробелми.
ЛИЛЈАН -тоа е едно од омилените цвеќиња за кучињата но доста е отровно и може да предизвика губење на апетит, повраќање, депресија.
АМАРИЛИС-ЦЕВТ кој ги привлекува и кучињата и мачките но е доста отровен за нив.

- Однесете го кучето кај некој пријател, роднина кој живее подалеку од местото на празнување, а кој кучето веќе го знае и бил веќе на тоа место.
- Прилагодување- тоа трае три до четири месеци, на кучето треба да му пуштате се погласен снимен звук од петарди и огномет и тоа пред јадење, шетање, играње за да може кучето да го свати како добар звук
- Смирување со лекови, ампули, раствори, прашоци на природна база
- Комуникација со смирен тон, без возбуда од страна на сопственикот влева сигурност кај миленикот.