• Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Блог
  • Контакт
 
 
 
+389 75 246 611
 
 
 
instagram facebook
 
 
 
 
 
 
 
 
Д-р Налетоски
 
 
 
  • Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Блог
  • Контакт
 
 
 
+389 75 246 611
 
 
 
instagram facebook
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Д-р Налетоски блог > Дигестивни проблеми кај мачките

Дигестивни проблеми кај мачките

Проблеми со варењето кај мачките од проголтаните влакна

според Налетоски, понеделник, 17 јануари 2022 22:07
Share on Facebook
Tweet


Проблеми со варењето кај мачките од проголтаните влакна
Мачките поголемиот дел од денот освен што го минуваат во спиење, тие се негуваат, чистат лижејки ги своите влакна и на тој начин тие ги внесувааат во својот дигестивен систем.

Влакната не можат да се сварат во желудникот и цревата, туку преку изметот се острануваат од телото, но многу често тие се се ‘’закачуваат’’за ѕидот на ораганите за варење и тука започнува создавање на топки од влакна кои мачката пробува да ги остране преку повраќање.

Проблеми со влакната имааат како долговлакнестите мачки така и кратко и островлакнестите мачки, мачките кои живеат претежно во домашни услови и кои се митарат преку цела година како и мачки кои не се многу физички активни и кои јадат храна малку богата со растителни влакна.

За да се избегнат овие проблеми потребно е мачката редовно да ја четкате, чешлате, да јаде храна богата со растителни влакна или храна која содржи додатоци за остранување на влакна, закуски или пасти кои содржат растителни масла или свежа трева како пченица, јачмен, зоб и слично.

Тревата делува како лаксатив т.е. овозможува полесно остранување на влакната преку изметот, воедно добиваат потреба да ги остранат влакната и преку повраќање а исто така содржи и витамин В9 и фолна киселина кои се неопходни за нормална работа на организмот и помага во создавањето на хемоглобниот а притоа мачките уживаат и во нејзиното грицкање.

Во продажба има повеќе врсти на треви за мачки, од кесички со семиња до комплетни пакувања со подлога, семе и садови.

Треба да се нагласи дека тревата за мачки не е исто што е и психоактивното растение познато како ‘’Мачкина трева’’ или catnip која предизвикува еуфорични промени и однесувања кај мачките.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Локација

 
 
 
Д-р Налетоски
 
▼
 
ул.1244, нас.Ѓорче Петров 36 1000 Скопје
 
+389 75 246 611
 
02 2036 161
 
veterinanaletoski@yahoo.com
 
instagram facebook
 
 
 
  • Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Блог
  • Контакт
 
 
 
Претплати се на нашиот е-весник!
 
 
*
 
*
 
 
 
 
 
 
 
 
© 2021 Д-р Налетоски | Сите права се задржани | Изработено од ИнОне