
Проблеми со варењето кај мачките од проголтаните влакна
Мачките поголемиот дел од денот освен што го минуваат во спиење, тие се негуваат, чистат лижејки ги своите влакна и на тој начин тие ги внесувааат во својот дигестивен систем.
Влакната не можат да се сварат во желудникот и цревата, туку преку изметот се острануваат од телото, но многу често тие се се ‘’закачуваат’’за ѕидот на ораганите за варење и тука започнува создавање на топки од влакна кои мачката пробува да ги остране преку повраќање.

За да се избегнат овие проблеми потребно е мачката редовно да ја четкате, чешлате, да јаде храна богата со растителни влакна или храна која содржи додатоци за остранување на влакна, закуски или пасти кои содржат растителни масла или свежа трева како пченица, јачмен, зоб и слично.

Во продажба има повеќе врсти на треви за мачки, од кесички со семиња до комплетни пакувања со подлога, семе и садови.
Треба да се нагласи дека тревата за мачки не е исто што е и психоактивното растение познато како ‘’Мачкина трева’’ или catnip која предизвикува еуфорични промени и однесувања кај мачките.
